Дома Фудбал Останато Мбапе најскап фудбалер на светот, Меси и Роналдо далеку од врвот

Мбапе најскап фудбалер на светот, Меси и Роналдо далеку од врвот

Фудбалскиот институт „ЦИЕС“ објави нова листа на најскапи фудбалери во светот после појавата на коронавирусот.

Цената на играчите е направена на основа на познат алгоритам. Во предвид е земено: Квалитетот на играчот, должината на договорот и стабилноста на клубот за кој игра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Со бројка од 259.2 милиони евра најскап е Килијан Мбапе. Втор на листата е Рахим Стерлинг со 194.7 милиони, а следат Џејдон Санчо (179.1), Трент Александер-Арнолд (171.1) и Маркус Рашфорд (152.3).

По ова може да забележиме дека во топ 5 има дури четворица англиски фудбалери.

Лионел Меси и Кристиано Роналдо кој долги години доминираат во светскиот фудбал се далеку од врвот. Меси со вредност од 100.1 милиони евра е на 21. место, додека Роналдо е дури на 70. позиција со 62.8 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…