После три месеци пауза наредната недела конечно ќе продолжи сезоната во шпанската Ла Лига.
На програмата ќе бидат натпреварите од 28. коло кое ќе биде отворено со натпреварот Севиља – Бетис на 11. јуни. Два дена подоцна лидерот Барселона гостува кај Мајорка и се освен победа ќе биде кикс за Каталонците.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанските медиуми денеска објавија дека Мајорка пред овој натпревар одлучила да го промени името на стадионот.
Стадионот Сон Моиш барем на кратко ќе замине во историјата бидејќи клубот на одличен начин сака да го промовира туризмот на Мајорка. Овој стадион во иднина ќе се вика “Visit Mallorca Estadi”, а интересно е што клубот за тоа нема да заработи ниту евро.
Челниците на клубот одлучиле да му помогнат на туризмот во својот град, што навистина е реткост некој да го смени името на стадионот бесплатно.
Наводно, ова име ќе важи до крајот на сезоната, а во новата сезона стадионот повторно ќе го врати старото име.