Дома Фудбал Останато „Мајк Тајсон“ во Хрватска: Физиотерапевт гризна тренер и му откина дел од прстот!

„Мајк Тајсон“ во Хрватска: Физиотерапевт гризна тренер и му откина дел од прстот!

Jосип Милорадовиќ по натпреварот на неговиот Чепин и Граничар од третата хрватска лига останал без дел од својот прст.

Неверојатни сцени се случувале на натпреварот од третата фудбалска лига – Исток во Хрватска. Тренерот на тимот на Чепин, Милорадовиќ останал без дел од прстот откако го гризнал физиотерапевтот на Граничар, објави хрватскиот портал „Спортало“.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Инцидентот се случил по завршувањето на натпреварот во која Граничар под рефлектори го победи Чепин со 1:0 и се искачи на чело на табелата. По поздравот на двајцата тренери тој влегол во жесток дуел со физиотерапевтот на гостите Иван Прњак.

„Тоа е нешто незапаметено. Како и по секој натпревар без оглед што се случи за време на натпреварот, честитав и културно се поздравив со тренерот на Граничар, а веднаш потоа членот од неговиот стручен штаб почна да ме навредува, реагирав и дојде до турканица. Не е добро, но во фудбалот се случуваат такви работи. Тогаш тој човек ме гризна, ми откина дел од палецот! Веднаш заминав во болница кога им кажав на докторите дека ме гризнал човек не можеа да поверуваат“.

„Целиот свој живот сум во фудбалот сум видел многу ситуации, но да се гризне некого?! Тоа е целосно лудило! Ми фали еден дел од прстот, за среќа коската не настрада. Откако ме гризна полудев и од бес, но и од болка, бев спремен сешто да направам, бев надвор од контрола. Сакам да нагласам дека човек кој е спремен да гризне некого не смее да биде во спортот“, порача Милорадовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Французите разочарани: Мбапе донел важна одлука

Килијан Мбапе според последните информации донел одлука да ја стави репрезентацијата на Фр…