Дома Топ вести Мајката на Мбапе демантира: Немаме договор со ПСЖ

Мајката на Мбапе демантира: Немаме договор со ПСЖ

Откако францускиот „Ле Паризиен“ објави дека Килијан Мбапе се согласил да ја продолжи соработката со ПСЖ за нови две години, мајката на Французинот се огласи и демантираше.

„Немаме договор. Засега ситуацијата е таква што ние немаме договор ниту со ПСЖ, ниту со кој било друг клуб (Реал Мадрид)“, изјави Фајза Ламари, мајката на Мбапе.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според најавите на „Ле Паризиен“, ПСЖ му понудил 50 милиони годишна плата, плус неверојатен бонус од 100 милиони евра при потпис на договорот.

Инаку договорот на Мбапе завршува во јуни, тој е слободен играч, а „Марка“ и понатаму тврди дека Реал е негов прв избор и дека 23-годишниот Французин има договор со „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…