Ислам Махачев е новиот шампион на УФЦ во лесна категорија, откако во втората рунда го принуди Чарлс Оливеира да се предаде.
Махачев, кој многумина го нарекуваат наследник на Хабиб Нурмагомедов, доминираше од почетокот на борбата. До победата дојде кога со десно кроше го собори бразилскиот шампион, а потоа го задави на подот.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
За 31-годишниот борач од Дагестан ова е 23. победа во кариерата, а единствениот пораз го имаше пред седум години од Адријан Мартинс.
По ова Махачев ќе се бори со Александар Волкановски, борец кој има 25 победи во 26 борби и е шампион во перо категорија.
What a finish. Dropped and subbed. The champ has a name @MAKHACHEVMMA pic.twitter.com/21q1nGlZLb
— schwick (@schwick6) October 22, 2022