Дома Фудбал Ливерпул е на чекор до осминафиналите по убедлива победа во Марсеј

Ливерпул е на чекор до осминафиналите по убедлива победа во Марсеј

Ливерпул одигра одличен натпревар и победи со 3:0 на гости кај Марсеј во средбата од седмиот круг на Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Доминик Собослај го отвори резултатот на крајот од првото полувреме со умешно изведување на слободен удар. Автогол на домаќинскиот голман Херонимо Рули ја удвои предноста на „црвените“ во 72-рата минута, а во самиот финиш замената Коди Гакпо го постигна третиот гол.

По овој успех, тимот на Арне Слот е на четвртата позиција на табелата и најверојатно ќе заврши меѓу најдобрите осум, бидејќи во последниот круг ги очекува домаќинство против Карабах. Освен победата, другата добра вест за „црвените“ беше враќањето на Мохамед Салах, кој беше стартер за првпат по интервјуто во кое упати обвинувања кон тренерот и клубот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…