Дома Останати Тенис Ѓоковиќ лесно се прошета покрај Маестрели и без изгубен сет се пласира во третото коло во Мелбурн

Ѓоковиќ лесно се прошета покрај Маестрели и без изгубен сет се пласира во третото коло во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ рутински го совлада Франческо Маестрели и се пласираше во третото коло на Австралискиот опен.

Најдобриот тенисер на сите времиња победи во три сета (6:3, 6:2, 6:2) и продолжи со добрите игри по одличната победа во првото коло против Педро Мартинез. Ниту во еден момент победата не беше доведена во прашање, само беше прашање колку гемови ќе освои Маестрели.

Во следната рунда, противник на Ѓоковиќ ќе биде победникот од дуелот помеѓу Ван де Зандшулп – Шан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Монфис се збогуваше со грен-слем кариерата и сега ќе работ инешто сосема друго

Познатиот француски тенисер Гаел Монфис (40) ја заврши својата богата Гренд Слем кариера п…