Поранешниот италијански фудбалер Стефано Маури, кој најголемиот дел од кариерата ја помина во Лацио, со посебни зборови зборуваше за Лулиќ.
Небесносините во рамките на 3. коло од Серија А на свој терен го совладаа Фросионе, а еден од подобрите на теренот , според Маури, беше токму Лулиќ кој го оцени како вистински лидер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„На време постигнавме гол и створивме многу шанси. Имаше грешки, веројатно поради стравот од неуспех, но битно е дека на крајот Лацио славеше. Победата дојде во добро време, сигурно ќе допринесе за самодовербата меѓу играчите кои беа обесхрабрени после првите два порази.“ – изјави Маури и додаде:
„Лулиќ ги предводеше напред. Тој е вистински пример за добар лидер на теренот.“
Да потсетиме, од претходната сезона Лулиќ во Лацио ја носи капитенската лента.