Српскиот фудбалер, Немања Матиќ се најде на удар на британската јавност откако одби да го носи цветот во знак на почит на загинатите британски војници во натпреварот против Бурнемоут.
Цветот за Бритаците е сеќавање за сите жртви на британската војска во Првата светска војна, а играчите традиционално во ноември го носат овој знак. Меѓутоа во медиумите се крена голема прашина откако Матиќ пред натпреварот го отстранил знакот од својот дрес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега после критиките од Британците Матиќ се огласи преку својот Инстаграм профил.
„Јасно ми е зошто луѓето го носат тој цвет и апсолутно ги почитувам и се сочуствувам со сите кои ги изгубиле своите сакани во војната. Сеапк, за мене тој симбол е потсетување на нападот кога бев дете. Бев исплашен 12 годишник кој живееше во Врело кога мојата држава Србија беше бомбардирана во 1999 година. Не чуствувам дека е исправно да го носам тој знак. Не сакам да го намалам неговото значење или да ги навредам Британците. Ова се мои лични причини и тоа е се. Се надевам дека сите ќе ме разберат и дека објаснив како се чуствувам“, порача Матиќ.