Шпанскиот фудбалер Хуан Мата го пофали својот соиграч Пол Погба после синоќешната победа на Манчестер Јунајтед против Челси во ФА Купот.
Да потсетиме, Црвените ѓаволи го победија Челси на Стемфорд Бриџ со 2:0 во осмина финалето во ФА Купот, а стрелец на еден од двата гола беше Погба. Покрај тоа, Французинот прикажа одлична партија во текот на целиот натпревар и собра бројни аплаузи од фудбалската јавност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од оние кои многу го почитуваат е Мата.
„Одлично асистираше кај првиот гол и го постигна вториот. Дури и во второто полувреме, после 85 минута се уште бранеше и одеше напред. Тој е комплетен играч. Добро подготвен, има квалитет, пас, може да игра од шеснаесетник до шеснаесетник. Тој е еден од најдобрите, а денеска покажа зошто.“ – изјави Мата.
Инаку, Мата исто така беше во првата постава, а на теренот помина 76 минути.
Своја изјава по натпреварот даде и самиот Погба:
„Ние сме Манчестер Јунајтед и секогаш играме на победа. Солскјер дојде тука затоа што знае дека може да ги оствари своите замисли и ние го поддржуваме и во целост му веруваме. Одигравме одлично против Челзи, запишавме уште една тимска победа, нормално дека сме задоволни. Кога Оле верува во нас, ние веруваме во него и му возвраќаме со играта на теренот. Тимот ми помага да бидам подобар и да го давам најдоброто од себе. Во овие моменти буквално уживаме на теренот.“
Од доаѓањето на Солскјер на клупата Погба на 12 натпревари постигна девет погодоци и запиша шест асистенции, а беше избиран и седум пати за играч на натпреварот.