Сан Франциско Џајнтс ги победија Вашингтон Нешналс со резултат од 3:0, но еден друг настан од овој бејзбол натпревар ја шокираше американската спортска јавност.
Имено, фрлачот на Џајнтс, Хантер Стрикленд, фрлајќи топка која достигна брзина од 157,7 км/час, го погоди телото од гостинскиот играч Брус Харпер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Харпер сметаше дека тоа не е случајно, туку веројатно си помисли дека е одговор на Стрикелнд на неговата прозивка од пред три години, кога во клучен момент од еден плеј-оф натпревар му обезбеди триумф на својот тим, па ги провоцираше Џајнтс.
Харпер беше убеден дека Стрикленд, во првиот меѓусебен натпревар после три години, на овој начин решил да му се одмазди, па се затрча кон противникот и започна тепачка. Набрзо целата ситуација прерасна во општ хаос, а согирачите најтешко го смируваа фрлачот Стрикленд, за кого беа потребни дури тројца играчи да го тргнат од теренот.