Бразилскиот автомобилост, Фелипе Маса, експресно ќе ја прекина пензијата и ќе се врати во „најбрзиот циркус“ во светот.
Како што пренесува „F1 Today“, раководството на Вилијамс и 35-годишниот возач постигнале договор, тој и следната сезона да биде член на британскиот тим.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Оваа одлука на Вилијамс значи дека тимот ќе му дозоволи на Финецот Валтери Ботас да се пресели во Мерцедес, кој бара замена за шампионот Нико Розберг.
Истиот извор наведува дека за едногодишниот договор Маса ќе добие шест милиони евра.