Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал во зимскиот преоден рок се пресели на позајмица во Севиља, но шпанскиот клуб нема опција за откуп на крајот на сезоната.
Марсијал има договор со „црвените ѓаволи“ до 2024 година и на лето ќе се врати на „Олд Трафорд“, а за неговата иднина ќе одлучува новиот менаџер на Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марсијал откри дека во јануари имал понуди од Барселона и Јувентус, но преферирал да се пресели во Севиља.
„Вистина е дека Јувентус и Барселона ме сакаа и беа во контакт со мојот агент во јануари. Меѓутоа, јас ја избрав Севиља бидејќи тука имам поголеми шанси да бидам стартер и да играм повеќе. Сакам да играм на секој меч и да ги правам среќни фановите“, изјави Марсијал.