Дома Трансфер зона Марсијал во јануари заминува од „Олд Трафорд

Марсијал во јануари заминува од „Олд Трафорд

Антони Марсијал не е задоволен од својот статус и сака во јануари да го напушти Манчестер Јунајтед.

Французинот ова лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Те Хаг одлучи да го задржи, но Марсијал не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината.

Најсилен интерес за Французинот покажува Јувентус, кој ќе се обиде во јануари да го доведе на позајмица со право на откуп.

Меѓутоа, „старата дама“ ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за неговиот потпис интерес покажуваат уште Вест Хем и Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…