Дома Топ вести Марсијал блиску до трансфер во Јувентус

Марсијал блиску до трансфер во Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус се обидува да го доведе напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал.

Агентот на напаѓачот веќе откри дека неговиот клиент сака да ја промени средината, а „Газета дело Спорт“ сега пренесува дека Торино е опција за Французинот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Јувентус наводно подолго време покажувал интерес за Марсијал, а сега стапил во контакт со агентот и постигнале начелен договор.

Манчестер Јунајтед е спремен да го пушти Французинот на позајмица со оглед на фактот дека играчот не е задоволен на „Олд Трафорд“.

Јувентус се обидува да ја искористи ситуацијата и да го донесе Марсијал на позајмица со право на откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…