Дома Трансфер зона Марсеј го доведе највисокиот играч во топ 5 првенства

Марсеј го доведе највисокиот играч во топ 5 првенства

Француски Марсеј објави дека потпишале договор со највисокиот играч во топ 5 првенства.

Исак Туре има 19 години и се разликува од своите врсници по физичките предиспозиции. Неговите 206 сантиметри изгледаа страшно на фудбалскиот терен. Во Марсеј тој доаѓа од Ле Авр за сума од пет милиони евра.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Француските медиуми пренесуваат дека се работи за играч кој и покрај тоа што толку висок има потенцијал за игра со него и експлозивност.

„Со 206 сантиметри Исак е корпулентен играч кој се чувствува комотно во дуел играта. На свои 19 години веќе е природен лидер и доминира во дуелите“, порачаа во претставувањето од Марсеј.

Претставувањето беше направено со едно интересно видео.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…