Реал Мадрид во недела неочекувано беше поразен од Жирона со 2:1, а еден од главните виновници за поразот на Каталонците е искусниот бек Марсело.
Марсело доцнеше со блокот кога Порто постигна гол за победа на Жирона над Реал, а навивачите на „Кралскиот“ клуб се лути на Бразилецот, кој од доаѓањето на Солари како да заборави да игра фудбал. Како што сега стојат работите, Солари ќе го испрати Марсело на клупата, а на неговото место шанса ќе добие младито Серхио Регулион, кој дефанзивно е многу поодговорен од искусниот колега.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Со Регулион Реал ги победи Атлетико и Ајакс во важните натпревари, додека со Марсело Реал е многу послаб во одбраната. Страницата „realmadridac“ на Инстаграм постави прашање за можниот наследник на позицијата од Марсело, а на прашањето „Зошто Марсело се уште е стартер? Го сакаме, но мораме да бидеме реални…“, пристигна и одговор од Марсело.
„Е да, за се јас сум виновен“, напиша Марсело, на кого очигледно не му е пријатно проади лошите натпревари, а ова само дополнително би можело да ја засили приказната за неговото заминување од Реал, бидејќи Јувентус и Ронало со нетрпение го очекуваат, за што пишувавме и порано.
Веќе подолго време траат шпекулациите за тоа дека на крајот на сезоната Марсело ќе го запушти Реал Мадрид и ќе се пресели во Јувентус кај својот пријател Роналдо.