Дома Фудбал Италија Марота потврди: Брозовиќ потпишува следната недела

Марота потврди: Брозовиќ потпишува следната недела

Тоа што го најавуваа италијанските медиуми денес доби потврда, Интер и Брозовиќ постигнале договор за продолжување на соработката.

Преговорите за нов договор траеа подолго време бидејќи двете страни не можеа да најдат заеднички јазик.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Последните информации од Италија се дека сепак двете страни постигнале комплетен договор и следната недела Хрватот ќе стави потпис на нов договор.

„Брозовиќ и Интер сакаат да продолжат заедно. Преговорите се во завршна фаза и за неколку дена ќе биде официјализиран новиот договор“, потврди извршниот директор на „нероаѕурите“, Бепе Марота.

„Поразот од Сасуоло е сосема заслужен и не бараме алиби. Имаме доверба во Инзаги кој е голем професионалец. Ние сме актуелни шампиони и тренерот знае дека главната цел и оваа сезона е Скудетото“, додаде Марота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Tрагедија: Почина тренер во репрезентацијата на Полска!

Асистентот на полската фудбалска репрезентација и поранешен тренер на младинските екипи, Ј…