Дома Трансфер зона Марота најави: Алексис Санчез сака да се врати во Интер

Марота најави: Алексис Санчез сака да се врати во Интер

Интер во завршницата од преодниот рок може да се раздели со Хоакин Кореа, а како негова замена се најавува екс-напаѓачот на „нероаѕурите“, Алексис Санчез.

Информацијата дека Кореа може да замине, а Санчез да се врати ја потврди спортскиот директор на Интер, Бепе Марота.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Кореа сака да игра повеќе и ние не ги игнорираме неговите барања. Аусилио работи на неговиот трансфер. Алексис Санчез е голем шампион и веќе ни испрати порака дека сака да се врати“, изјави Марота.

Марота беше запрашан и за ситуацијата за Лукаку за кого од претходно јасно дека сигурно не доаѓа во Интер, а Марота смета дека Белгиецот нема да игра ниту во Серија А.

„Лукаку остави големо разочарување кај сите, не знам каде ќе оди, меѓутоа мислам дека нема да се врати во Италија“, изјави Марота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…