Генералниот директор на Интер, Бепе Марота потврди дека клубот е блиску до договор за трансферот на Кристиан Ериксен.
Медиумите изминатите денови пренесоа дека Интер и Тотенхем се во напредни преговори за трансфер на Ериксен и трансферот се очекува да биде потврден во секој момент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нема да криеме дека водиме преговори со Тотенхем. Ериксен е одличен играч и веќе има договор со нас. Неговиот договор со Тотенхем истекува на 30. Јуни, па во моментиов преговараме за правата на овие шест месеци. Оптимисти сме дека зделката ќе се реализира наскоро“, изјави Марота.
Италијанските медиуми потврдија дека се е договорено и веќе утре Ериксен би треабло да пристигне во Милано на лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на договор до 2024 година според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.
Christian Eriksen tomorrow will be in Milano and will undergo his medicals as new Inter player. ?? #THFC #Tottenham #Inter
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 26, 2020