Oткриени се платата и бонусите кои ги инкасираш оваа сезона, тешко дека на таква сума може да се надева некаде на друго место.
Во италијанските медиуми е откриено дека отпуштениот директор на Јувентус, Бепе Марота заработувал околу пет милиони евра годишно во Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, толку му припаднало оваа сезона, сметајќи ги премиите за титула, двојна круна и посебен бонус за целите остварени во доминацијата на Јувентус во последните седум години.
После оваа информација се наметнуваат споредби. Марота дома однел десет пати повеќе отколку претседателот Ањели кој не е сопственик на клубот (браќата Елкан се наследници на Фиат), Ањели добивал околу 500.00 евра (има големо богатство во акциите на компанијата), додека Павел Недвед има плата од 400.000 евра неделно.
Марота сега е минато, Интер му понудил околу три милиони евра годишно со што би го направиле спортскиот директор повеќе платен од пример Скриниар кој е еден од најбараните дефанзивци. Покрај Интер се шпекулира и дека исксниот директор има понуда и од Арсенал со плата од 3.5 милиони евра годишно.