Еурофарм Пелистер предводен од новиот тренерски тандем Јовиќ-Шундовски денес во рамките од СЕХА лигата во Битола го совлада тимот на Нексе со 27:23.
Имаше предност од почетокот до крајот на натпреварот, а единственото водство на гостинскиот тим беше почетните 0:1. Во првите 30 минути во најголем дел разликата беше 2-3 гола предност, пред крајот битолскиот состав поведе и со четири разлика (14:10), но до крајот Нексе постигна гол и на пауза се замина со три гола предност за македонскиот претставник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Второто полувреме донесе уште подобра игра на „пелистерци“, па водствот како што одминуваа минутите така растеше. Клучната разлика кога за првпат се „одлепи“ на нешто поголема предност Пелистер ја направи кога од 17:14 со серија од 4:0 дојде до високи „седум плус“ (21:14).
До крајот битолчани не дозволија пресврт, но следуваше еден пад кај избраниците на Александар Јовиќ, па Нексе успеа да ја намали предноста, па на крајот конечниот резултат гласеше 27:23.
Натпреварот заврши со одбранет седмерец на Марко Кизиќ, кој за него беше трет во овој натпревар. Овој пенал беше од голема важност затоа што Еурофарм Пелистер со овие четири гола разлика остана второпласиран и го избегнува ППД Загреб во следната фаза, во случај разликата да беше за еден гол помала „пелистерци“ ќе одеа на хрватскиот гигант.
Денис Василев со шест гола од осум обиди беше најефикасен ракометар на средбата. Се истакнаа и голманите на Пелистер, Лесјак имаше 11 одбрани, Кизиќ седум.