Дома Фудбал Англија Маркос Алонсо го продолжи договорот со Челси

Маркос Алонсо го продолжи договорот со Челси

Шпанскиот репрезентативец Маркос Алонсо денеска и официјално го потпиша новиот договор со Челси.

Овој 27-годишен лев бек го продолжи договорот со Сините до 2023. години, со што јасно даде до знаење дека и во иднина ќе го носи дресот на клубот од Стемфорд Бриџ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Навистина сум среќен што останувам овде и што ќе продолжам да играм за еден од најдобрите тимови на светот. Зад мене се две одлични години во Челси, па се надевам дека такви ќе бидат и оние што доаѓаат.“ – порача Маркос Алонсо.

Маркос Алонсо за Челси настапи на 92 натпревари и постигна 15 погодоци и 11 асистенции. Претходно настапуваше за Фиорентина, Болтон, Сандерленд, а еден период беше член и на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поранешен фудбалер на Барселона се ожени со позната инфлуенсерка

Мунир Ел Хадади, кој претходно настапуваше како напаѓач за Барселона, сега е дел од екипат…