Oткако Тиаго Силва си замина од редовите Маркињос се претвора во вистинска легенда на францускиот шампионот.
Во последното интервју Бразилецот зборуваше за тоа како брзите автомобили се секојдневие за големите фудбалски ѕвезди. Но, тоа кај него не буди некој голем адреналин иако поседува Ферари кое чини 200.000 евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маркињос купи Ферари „458 Италија“ откако потпиша договор со ПСЖ, меѓутоа го користи поретко, повеќе сака да се вози во такси.
„Кога дојдов во ПСЖ го купив Ферарито, но го возам ретко, досадно ми е. Многумина сакаат да се возат сами за да се пофалат со своите автомобили, меѓутоа ја не чувствувам таква потреба. Повеќе скаам да отидам некаде со такси. Ферарито го користам кога сака да се вози некој од семејството и пријателите“.
Сепак не го заборава денот кога го купил.
„Сакав да си купам убав автомобил. Купувањето на Ферарито беше незаборавен ден за мене. Ги држев клучевите во рака си кажав себе си – навистина успеа како професионалец“, изјави Маркињос.