Бившиот фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркизио верува дека прекинот на првенството ќе им одговара на „бјанконерите“ во борбата за титулата во Серија А.
Откако УЕФА го одложи Европското првенство јасно е дека националните првенства регуларно ќе се доиграат во мај и јуни, а Маркизио верува дека тогаш Јувентус ќе биде во предност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На 12 кола до крајот Јувентус има еден бод предност пред Лацио и 9 бода повеќе од Интер.
„Јуве има предност затоа што располага со широк состав, додека Интер и Лацио имаат пократки и помалку квалитетни клупи. Кога првенството ќе продолжи ќе се играат многу натпревари во краток период и тоа ќе му одговара на Јувентус“.
„Вистина е дека Лацио нема ангажман во европските натпреварувања и тоа може да биде во нивна полза, но Лацио беше во најдобра форма претходно и ова не им одговара“, истакна Маркизио.