Фудбалерите на Реал Мадрид не блескаат во новата сезона, а после поразот од Тотенхем во Лигата на шампионите многумина сметаат дека Реал тешко ќе се врати во старата форма.
Реал Мадрид веќе две години игра на одлично ниво и стана првиот клуб кој успеал да ја одбрани титулата шампион на Европа. Меѓутоа избраниците на Зинедин Зидан во новата сезона не можат да се пофалат со добри настапи и се повеќе се пишува за лошата атмосфера во клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според пишувањето на шпанските медиуми, Зидан има проблем со незадоволството на своите играчи бидејќи е јасно дека не може на секој играч да му ја даде минутажата која ја посакува. Оваа сезона се очекуваше повеќе прилика да добива Марко Асенсио кој со своите настапи го воодушеви фудбалскиот свет.
Сепак, Асенсио поголемиот дел од натпреварите ги започнува од клупата за резерви и како што пишува „Марка“ јасно му соопштил на Зидан дека не е задоволен од статусот во клубот. Слично сценарио имаше и Хамес Родригез кој изминатото лето замина во Баерн, но навивачите на Реал се надеваат дека Асенсио наскоро ќе пронајде заеднички јазик со Зинедин Зидан.
Наводно, за ситуацијата со овој млад фудбалер Зидан бил предупреден и капитенот на тимот на Серхио Рамос кој исто така верува дека Асенсио заслужува поголема минутажа.