Дома Топ вести МАРКА: Реал бара ѕвезда, играчот од Премиер лигата блиску до Мадрид

МАРКА: Реал бара ѕвезда, играчот од Премиер лигата блиску до Мадрид

Реал Мадрид се уште не може да пронајде замена за Роналдо, откако Португалецот си замина во Јувентус.

„Марка“ откри дека европскиот шампион по заминувањето на Португалецот скаутираше низа на ѕвезди, но ниту една не ги исполнува сите услови за доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Мауро Икарди, Хари Кејн, Нејмар, Салах, Азар, Тимо Вернер, Левандовски, Мбапе, Фалкао и Диабала се одлични фудбалери, машина за голови, но ниту еден од нив не би направил навивачите на Реал да го заборават Роналдо. Тоа за сега е невозможна мисија“, пишува Марка.

Meдиум близу до Реал наведува дека Азар сепак е најверојатна опција за доведување. Белгијанецот сака во Реал, Реал го сака него, а ниту Челзи нема да прави големи проблеми, бидејќи има договор на уште година и пол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…