Дома Топ вести „Марка“ откри како ќе изгледа новиот Реал следната сезона!

„Марка“ откри како ќе изгледа новиот Реал следната сезона!

Реал Мадрид подготвува големи промени во тимот без разлика каков ќе биде исходот на сезоната, а шпанските медиуми тврдат дека Флорентино Перез спремил буџет од 400 милиони евра за засилувања.

Јасно е дека и некои големи ѕвезди ќе го напуштат Реал Мадрид, а најмногу се очекува „кравите“ да заработат на трансферот на Герет Бејл.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тренерот Зидан ќе добие одврзани раце да креира тим по своја мерка, а не е тајна дека најголемата желба на Французинот е Еден Азар од Челзи.

Веќе подолго време се шпекулира за трансферот на Еден Азар, а според некои извори тој веќе се договорил со „кралевите“, па останува само двата клуба да ја договорат отшетата.

Основната идеја е Азар да ја потполни „дупката“ која настана со заминувањето на Роналдо, но Зидан сака и засилување во средниот ред кое ќе донесе свежина и креација, а главна цел е Пол Погба.

„Марка“ пренесува дека ќе остане Куртоа како прв голман и следната сезона, а Зидан наредил одбраната да остане иста и сигурно да останат Варан и Марсело, па единствено „освежување“ во дефанзивната линија ќе биде Милитао.

Зидан побарал од претседателот Перез да донесе во тимот млад напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Бензема и во иднина прв напаѓач на „кралевите“, а тоа најверојатно ќе биде Лука Јовиќ.

На лето сигурно заминуваат Себаљос, Лукас Васкез, Маријано Дијаз, Љоренте, а неизвесна е позицијата и на Тони Крос.

Вака треба да изгледа Реал следната сезона?

Куртоа
Карвахал, Варан, Рамос, Марсело
Каземиро, Модриќ/Крос, Погба,
Асенсио, Бензема, Азар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …