Заврши репрезентативната пауза, но таа не донесе ништо добро за Реал Мадрид.
Реал утре го пречекува Леванте, но во меѓувреме во Мадрид се формира вистинска мала болница. Некои играчи од порано се повредени, а некои повредите ги заработија на репрезентативната пауза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако знаеме дека повредени се Лука Модриќ, Иско, Валверде, потоа, Касемиро доцни поради враќањето од настап за Бразил, а Џејмс Родригез не е доволно подготвен, Зинедин Зидан во средниот ред има на располагање само еден играч.
Се работи за Германецот Тони Крос, но прашање е на кој начин Зидан ќе ја пополни дупката во средниот ред.
Покрај се, Еден Азар се уште не е подготвен, Герет Бејл е суспендиран, Марко Асенсио и натаму е повреден, а под знак прашалник е и настапот на Лука Јовиќ…
Реал после три одиграни кола има пет бода, а утре против Леванте и покрај сите проблеми посакува единствено победа и ништо друго.