Дома Фудбал „Марка“ го обвини за поразот, Зидан тврди: Немам објаснување

„Марка“ го обвини за поразот, Зидан тврди: Немам објаснување

Реал Мадрид синоќа се посрамоти и на домашен терен запиша пораз од Кадис со резултат 0:1.

За овој сензационален пораз на „кралевите“, весникот „Марка“ го посочи Зидан како единствен виновник и тоа поради лошата селекција на играчите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Немам објаснување. Изгубивме и тоа мора да го прифатиме. Не можеме да сме задоволни од она што го покажавме, и не сме. Но вакви работи се случуваат во фудбалот. Лошо го почнавме мечот, ни беше тешко уште од почетокот. По паузата бевме подобри, но ако не тргне како што треба на стартот, после тешко е да се вратиш. Се мачевме и немаме изговори“, изјави Зидан и тврди дека ова нема да влиае на неговиот тим.

„Изгубивме меч и ништо повеќе од тоа. Секако, важни 3 бода испуштивме на домашен терен, но тоа е тоа. Мораме да се фокусираме на следниот меч“, заклучи Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …