Реал Мадрид минува низ една од најтешките кризи, „кралевите“ се без постигнат голо скоро седум часа, а четири натпревари не знаат за победа.
Последниот гол Реал го постигна на 22 септември кога Марко Асенсио ја сруши Севиља.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Многумина сметаа дека Лука Мадриќ е причина за лошите настапи на Реал. Модриќ после Светското првенство уморен стигна во Реал и се уште не ја пронашол вистинската форма. Покрај тоа не блеска ниту неговиот партнер од средниот ред, Тони Крос.
„Двојна криза во Мадрид: Тони Крос и Лука Модриќ се во очајна форма“, пишува „Марка“ која смета дека Германецот и Хрватот мораат да ја подигнат формата пред „Ел Класико“.
„Проблем не е само неефикасноста. Голем проблем е и очајната форма на Крос и Модриќ. Крос не знае за победа во шест натпревари за клубот и репрезентацијата. Се започна со поразот од Севиља, а продолжи со последниот на Германија од Франција“
„Модриќ играше против Англија, а неговата репрезентација ниту тогаш не постигна гол. Во последните натпревари за клубот и репрезентацијата неговите соиграчи не постигнале гол 499 минути“, наведува реномираниот шпански медиум.
Реал Мадрид во следните десет дена игра во првенството со Леванте, со Викторија Плзен во Лигата на шампионите, а потоа следи „Ел Класико“ со Барселона.