
Според пишувањата на германските медиуми Марио Геце донел конечна одлука да ја напушти Борусија Дортмунд, но и Бундеслигата.
Германскиот фудбалер на крајот на сезоната ќе биде слободен агент бидејќи му истекува договорот со Борусија Дортмунд, па неколку европски гиганти го сакаат неговиот потпис.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Геце најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Серија А каде интерес за него покажуваат Милан, Лацио и Рома.
„Милионерите“ потврдија дека Геце заминува ова лето па Германецот е отворен да ги слушне сите понуди, пред да донесе конечна одлука. Тој е отворен за преселба во Серија А, но треба да одлучи дали во Милано или Рим.