Германскиот фудбалер Марио Геце го продолжи договорот со ПСВ до 2024 година.
Геце своевремено важеше за еден од најголемите таленти во Европа кога настапуваше за Борусија Дортмунд.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Направи трансфер во Баерн Минхен, но неговата кариера во Бундеслигата во последните години одеше во надолна линија
Германецот ја поврати формата во ПСВ каде се чуствува одлично и одлучи да ја продолжи соработката со холандскиот клуб.
„Многу сум среќен, ПСВ е голем клуб. Овде можам да работам под одлични услови и среќен сум што кариерата ќе ја продолжам во овој клуб“, изјави Геце.