Во новата сезона Марио Балотели би можел да игра во Романија во тимот на Рапид Букурешт, пренесуваат романските медиуми.
Според нивните информации контактите помеѓу двете страни се остварени и се чека само Балотели да го потврди трансферот. Условот кој го поставиле претставниците на италијанскиот напаѓач е плата од милион евра годишно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Балотели има 32 години и во минатото важеше за еден од напаѓачите со најголем потенцијал, но поради својот карактер никогаш во целост не ги исполни очекувњата..
Низ кариерата го носеше дресот на повеќе европски клубови како: Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана Демирспор и Сион каде што настапува во овој момент.