Легендарниот ас сака да разговара со репрезентативците пред одлучувачкиот натпревар против Нигерија.
Не се смирува бурата во аргентинската јавност и фудбалската репрезентација после дебаклот од Хрватска во второто коло на Мундијалот. Медиумите пишуваа и дека дел од играчите му откажале послушност на Самаполи, а денес легендарниот Диего Марадона побара од фудбалскиот сојузот да му овозможат да разговара со екипата на тренингот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакам да добијам можност да разговарам со играчите и да им објаснам што значи да се носи националниот дрес“, изјави Марадона за руските медиуми.
После две кола „Гаучосите“ имаат само еден освоен бод, а во последниот натпревар од групната фаза ќе се сретнат со Нигерија и во овој натпревар мораат да победат доколку сакаат да играат во 1/8 финалето.