Дома Трансфер зона Манџукиќ пред донесување на изненадувачка одлука

Манџукиќ пред донесување на изненадувачка одлука

Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ би можел наскоро да ја заврши играчката кариера.

Манџукиќ не се наигра во изминатиот период, во Милан имаше проблеми со повредите, а ова лето се поврзуваше со бројни клубови. Сепак, до договор не дојде, а времето поминува.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Поранешниот хрватски напаѓач, Саша Бјелановиќ за „Тутомеркато“ откри дека Манџукиќ размислува за крај на кариерата.

„Ми изгледа дека поедноставно му е да престане да игра. Тој е искрен кон себе и не сака да биде нечиј терет, ниту да остави впечаток дека продолжува само за пари“, изјави Бјелановиќ.

Манџукиќ кариерата ја почна во Маронија потоа играше за Загреб, Динамо, Волфсбург, Баерн, Атлетико, Јувентус, Ал-Духаи и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…