Дома Фудбал Италија Манџукиќ повеќе од еден час играл со дупка на ногата: По натпреварот ја покажа страшната повреда, навивачите во неверување

Манџукиќ повеќе од еден час играл со дупка на ногата: По натпреварот ја покажа страшната повреда, навивачите во неверување

Марио Манџукиќ заработи тешка повреда во дербито помеѓу Интер и Јувентус во 35. коло од Серија А.

Имено, во 15. минута Вецино го згазна Манџукиќ и доби директен црвен картон поради тој прекршок по интервенцијата на ВАР технологијата. Иако судирот остави голем траг на неговата нога, Манџукиќ херојски продолжи да игра и беше заменет дури во 66. минута.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Интер и Јувентус го одиграа дербито на Италија во Милано, еден од нивните најдобри натпревари во последните 10 години беше овој натпревар. „Старата дама“ славеше со 3:2 со два гола во последните три минути и дојде на чекор до титулата која се до 87. минута изгледаше многу, многу далеку…

Манџукиќ при бруталниот старт имаше крв на ногата, но продолжи да игра. И секако придонесе во триумфот на својот тим. Јуве сега има четири бода пред Наполи кој денеска гостува во Фиренца. Хрватскиот репрезентативец ја покажа својата рана на навивачите по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рашфорд може да замине од Манчестер јунајтед уште во јануари – позната и причината!

Манчестер Јунајтед сериозно ја разгледува можноста да го продаде Marcus Rashford, а според…