Хрватскиот напаѓач, Марио Манџукиќ и понатаму е без клуб.
Поранешниот хрватски репрезентативец го раскина договорот со катарскиот Ал Духаил и е во потрага по нов клуб. Се споменуваше Бешикташ, но преговорите пропаднаа иако трансферот беше блиску до договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега медиумите објавија дека 34 годишниот напаѓач е желба на Марсеј кој започнал да се распрашува за него. Марсеј има големи проблеми со напаѓачите кои никако не успеваат да влезат во форма.
Ако овој трансфер би се реализирал Манџукиќ во Марсеј би бил еден од најплатените играчи заедно со Димитри Паје кој заработува околу четири милиони евра. Марсеј засега само се распраува за Манџукиќ и се тврди дека не се дојдени на ред сериозните преговори.
Пред заминувањето во Катар Манџукиќ пет години го носеше дресот на Јувентус со кој стигна до финалето во Лигата на шампионите. За италијанскиот шампион одигра вкупно 162 натпревари и постигна 44 гола, додаде и 17 асистенции. Пред тоа го носеше дресот на Атлетико, Баерн, Волфсбург и Динамо.