Дома Фудбал Италија Манџукиќ и Бонучи – нерасчистени стари сметки! (видео)

Манџукиќ и Бонучи – нерасчистени стари сметки! (видео)

Јувентус синоќа го декласираше Милан со 4:0 во финалето на италијанскиот Куп и уште еднаш ја освои двојната круна.

Во центарот на вниманието секако беше Леонардо Бонучи, кој минатото лето го напушти Јувентус и се пресели во редовите на големиот ривал.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Бонучи на мечот во Торино беше исвиркан, тој постигна гол и се радуваше, па уште повеќе ги наруши односите со својот бивши клуб и поранешните соиграчи.

Синоќа сите фудбалери на Јувентус се однесуваа ладно кон него, а италијанските медиуми пренесуваат дека тоа било директна наредба од раководството на клубот.

Буфон и останатите не ни го погледнаа додека им честиташе, а најголем впечаток секако остави моментот кога Манџукиќ го оттурна од себе.

Двајцата имаат нерасчистени сметки уште од минатата година од финалето во Кардиф, каде на полувремето избила голема расправија и за малку била избегната физичка пресметка меѓу нив двајцата.

На крајот Бонучи покажа дека е голем шамион и му честиташе на бившиот клуб, притоа сам појде кај своите навивачи да им се извини за големиот пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Покетино испрати јасна порака по шпекулациите за враќање во Тотенхем

Селекторот на фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави Маурисио Покети…