Дома Фудбал Останато Манчини поради Италија се откажува од 13 милиони евра

Манчини поради Италија се откажува од 13 милиони евра

Роберто Манчини ќе биде новиот селектор на Италија и тука повеќе нема никакви дилеми, потписот се очекува најдоцна до среда.

Она што е ново во оваа приказна е делот во кој Манчини ќе се откаже од заработката во Зенит за да седне на клупата на Италија. Имено, од повеќе извори е потврдено дека по прекинот на соработката со Зенит Италијанецот ќе остане без 13 милиони евра, токму толку би заработил доколку го испочитуваше до крај договорот со Русите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчини со „Аѕурите“ ќе потпише договор на две години со можност за продолжување на уште една и плата од два милиони евра по сезона.

Дебито на Манчини на клупата на Италија се очекува против селекцијата на Обединетите Арапски Емирати на 28 мај.

Да потсетиме, Италијанците се без селектор откако Џампиеро Вентура заработи отказот бидејќи не успеа да се пласира на Мундијалот кој ова лето ќе се одржи во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…