Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Манчини: Италија се уште не е во финалето

Манчини: Италија се уште не е во финалето

Италија се уште не е во финалето, порачува италијанскиот селектор Роберто Манчини на последната прес конференција пред утрешното полуфинале на ЕП против Шпанија.

„Ќе биде тежок натпревар, исто како тој со Белгија.“ – истакна Манчини и додаде: „Шпанија е инзоредна во последните неколку години, има многу млади играчи и одличен тренер.“

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Манчини ги прокоментира и наводите на некои италијански новинари и фудбалски стручњаци дека Италија ја гледаат во финалето на ЕП.

„Италија се уште не е во финалето. Нема да биде лесно, треба да одиграме добар натпревар. Шпанија е врвна репрезентација.“

Натпреварот помеѓу Италија и Шпанија е на распоредот утре, 6 јули, со почеток од 21 часот, а ден подоцна во второто полуфинале ќе се сретнат Англија и Данска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Томас Тухел подготвен за сензационален потег: Голема ѕвезда нема да патува на Светското првенство?

Откако ја презеде селекцијата на Англија, германскиот стручњак Томас Тухел постигнува одли…