Дома Фудбал Репрезентации Манчини изненади: Ги нема Балотели и Белоти, но тука е Себастијан Џовинко!

Манчини изненади: Ги нема Балотели и Белоти, но тука е Себастијан Џовинко!

Селекторот на Италија, Роберто Манчини денес го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварите против Украина и Полска.

„Аѕурите“ ќе играат против Украина пријателски натпревар, додека натпреварот против Полска е натпревар од Лигата на Нации. Манчини за овие натпревари одлучи да повика и тоа како познато лице кое со години го немаше помеѓу репрезентативците.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во прашање е напаѓачот на Торонто, Себастијан Џовинко! Џовинко последниот настап за репрезентацијата го забележа во октомври 2015 година.

Од друга страна пак Манчини за овие средби ги изостави Марио Балотели и Андреа Белоти кои ќе ги пропуштат наредните два натпревари.

КОМПЛЕТНИОТ СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Од Ливерпул се премислија за Киеза

Ливерпул ја промени својата позиција во врска со иднината на напаѓачот Федерико Киеза во к…