Дома Фудбал Италија Манчини е херојот! „За среќа Италија не е на Мундијалот“…

Манчини е херојот! „За среќа Италија не е на Мундијалот“…

Роберто Манчини во овие моменти е вистински херој во Италија!

Имено во италијанските медиуми се појави вест дека селекторот на Италија го спасил животот на една 94 годишна жена.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


За што се работи?

Манчини бил во прошетка со своите пријатели, од кои еден од нив бил доктор кога забележал дека една постара жена на велосипед ја удира автомобил.
Истата секунда Манчини истрчал до старата госпоѓа и повикал брза помош.

Таа завршила во болница со неколку скршеници, а нејзиниот син оваа приказна ја објави на својот „Фејсбук“ профил.

„За среќа Италија не е Светското првенство, иначе таа не би била тука. Им благодарам на сите кои и помогнаа на мојата мајка“, гласел статусот на нејзиниот син на популарната социјална мрежа.

Значи, оваа госпоѓа пред се може да се заблагодари на Џампиеро Вентура кој не успеа да ја одведе Италија на Мундијалот во Русија, што доведе до негов отказ, а подоцна и промовирање на Манчини во нов селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Несторовски херој за Славен Белупо: Македонецот донесе голема победа (Видео)

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски се покажа како херој на својот тим, носејќи ѝ миним…