Дома Топ вести Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Атлетико Мадрид

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Атлетико Мадрид

Додека сезоната е во прекин, Манчестер Јунајтед се спрема за следната сезона и сака да изгради силен тим со кој ќе атакува на титулата во Премиер лигата.

Пол Погба е на излезна врата од „Олд Трафорд“, па примарна цел на „црвените ѓаволи“ ќе биде доведување на играч за врска кој ќе може да биде замена за Французинот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Наводно, Солскјер како идеална замена за Погба го посочил фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански репрезентативец, Саул Нигез.

Јунјатед во јануари го купи Бруно Фернандеш и тоа се покажа како фантастичен потег. Португалецот блесна и тимот нема пораз до паузата поради пандемијата на коронавирусот.

„Црвените ѓаволи“ се подготвени да ја платат откупната клаузула за Нигез која изнесува 150 милиони евра и така Шпанецот ќе стане најскапо засилување во историјата на клубот од „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…