Манчестер Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити, пренесуваат англиските медиуми.
Според „Диарио Гол“, „црвените ѓаволи“ се решени да го привлечат дефанзивецот и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Умтити има договор со Барселона до 2023 година, но Каталонците се цврсто решени да го привлечат Матијас де Лихт за партнер на Жерерд Пике, што може да ја отвори излезната врата на Французинот.
Во таква ситуација многу е веројатно дека Умтити ќе побара трансфер, а не ја крие желбата да се пресели во Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед може да ја искористи таквата ситуација бидејќи е во потрага по врвен стопер, па Умтити ќе има централно место во тимот на „црвените ѓаволи“.
Од почетокот на сезоната Умтити се мачи со повреди и одигра само 10 меча за Барселона, но во претходните сезони покажа дека е еден од најдобрите дефанзивци во Европа.
На Јунајтед нема да му биде лесно да ја победи конкренцијата бидејќи за Умтити силен интерес покажуваат уште Арсенал, Јувентус и ПСЖ.