Англискиот репрезентативец Калвин Филипс сигурно ќе го напушти Манчестер Сити во јануари и за него интерес покажуваат многу клубови ширум Европа.
Сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Манчестер Јунајтед. Англиските медиуми пренесуваат дека Тен Хаг го посочил како приоритет фудбалерот на градскиот ривал Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Филипс нема иднина на „Етихад“ и сака да ја промени средината во јануари, а последните информации се дека преферира трансфер на „Олд Трафорд“.
Прашање е дали „граѓаните“ ќе сакаат да го пуштат фудбалерот во градскиот ривал, бидејќи за него интерес покажуваат уште Њукасл и Јувентус.
Меѓутоа, самиот Филипс го избрал Манчестер Јунајтед како следна дестинација.