Манчестер Јунајтед сериозно се вклучува во битката за потписот на германскиот напаѓач Тимо Вернер, пренесуваат медиумите на Островот.
Ѕвездата на Лајпциг е еден од најбараните напаѓачи во Европа и во последно време силно се шпекулира дека ќе се пресели на „Енфилд“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа, Ливерпул нема намера да ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра за Вернер, па тоа е шанса за Манчестер Јунајтед кој нема да жали пари за да го донесе Германецот на „Олд Трафорд“.
Солскјер е во потрага по квалитетен централен напаѓач и смета дека Вернер ќе биде идеално засилување, бидејќи е млад, а веќе искусен и докажан.
Вернер игра фантастична сезона и веќе постигна 27 гола и запиша 12 асистенции од почетокот на сезоната, па за него буквално се „тепаат“ најголемите европски клубови.
Манчестер Јунајтед во наредните денови ќе стапи во контакт со неговиот агент и доколку постигне договор веднаш ќе ја активира откупната клаузула.