Манчестер Јунајтед е во основата на коалицијата која сака да се врати новото правило, односно трансфер пазарот да се затвора на 1-ви септември, пренесуваат англиските медиуми.
Имено, ова лето за прв пат летово беше примената одлуката, изгласана лани, во која се вели дека трансфер пазарот ќе се затвори еден ден пред отворањето на сезоната во Премиер Лигата, но веќе на ова се гледа како на неуспешен експеримент.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ успеаја да земат само три нови играчи, а менаџерот Жозе Мурињо остана незадоволен од изборот на неговиот тим. Враќањето во стариот систем најверојатно ќе биде добро прифатено од страна на другите големи клубови во Англија, кои сметаат дека во моментов се во понерамноправна положба од нивните конкуренти во Европа.
Дебата на оваа тема ќе се одржи на состанокот на клубовите во Премиер лигата во ноември, кога се очекува ново гласање на оваа тема. Најмалку половина од тимовите на највисокото ниво на англискиот фудбал треба да го поддржат предлогот за промена, за да може тоа да стане факт следното лето.
Manchester United head up move for Premier League clubs to return to transfer deadline at the end of August | @MikeKeegan_DM https://t.co/rPZ4uCyQtT
— MailOnline Sport (@MailSport) September 21, 2018