Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед плаќа за да се раздели со Мегваер

Манчестер Јунајтед плаќа за да се раздели со Мегваер

Манчестер Јунајтед по секоја цена сака да се ослободи од Хари Мегваер и е спремен да плати за да го забрза неговиот трансфер.

Мегваер пристигна во Манчестер Јунајтед од Лестер за рекордни 80 милиони фунти, но се претвори во најголемо промашување во поновата историја на клубот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Правеше комични грешки, стана предмет на потсмев ширум светот, а навивачите едвај чекаат да му го видат грбот.

Клубот на 30-годишниот дефанзивец ќе му понуди 10 милиони фунти за раскин на договорот. Ќе добие пари и ќе може да го напушти клубот без обесштетување.

Мегваер има уште две години договор со Јунајтед и е еден од најплатените фудбалери во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…