Maнчестер Сити ја прекина низата на неуспеси и така со не толку добра игра го победи Лутон во Премиер лигата, а следен натпревар кој ги очекува избраниците на Пеп Гвардиола е против Црвена Звезда во Лигата на шампионите.
Натпреварот на стадионот „Рајко Митиќ“ нема да влијае на распоредот во групата, но црвено-белите против актуелниот европски шампион ќе бараат позитивен резултат.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На овој натпревар Сити ќе биде без Ерлинг Халанд и Жереми Доку, како и Кевин Де Брујн кој е повреден од претходно.
„Се надевам дека Халанд и Доку ќе бидат спремни за натпреварите на Светското клупско првенство. Од ден во ден ќе ја следиме нивната здравствена ситуација. Во Белград нема да можат да бидат на терен, веројатно ќе бидат спремни за седум до десет дена“, истакна Гвардиола.
Here's how to follow City at the Club World Cup! 🏆👇
— Manchester City (@ManCity) December 11, 2023